Вашиот успех е и наш успех. Станете дел од ЕФС!

Ние сме ориентирани кон исполнување на очекувањата на нашите корисници, а нашите вработени се нашиот најважен ресурс. ЕФС е компанија со амбициозни цели за чија реализација се потребни одговорни и иновативни луѓе, подготвени за нови предизвици кои преку примена на своите идеи и знаења се ориентирани кон извршување на нивните дефинирани задачи и цели. Компанијата на своите вработени им нуди можност за обуки, личен развој, развој на вештини, стекнување на нови искуства и унапредување во кариерата во исклучителна пријатна атмосфера со силен натпреварувачки и тимски дух.

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕФС, ние постојано имаме отворени работни места (наведени подолу), или може да испратите CV и Мотивационо Писмо во секое време на: [email protected]. Доколку се пријавувате за одредено работно место, ве молиме да се пријавите преку пополнување на формуларот во содржината на работното место, или ако сакате да се пријавите преку е-маил, тогаш во насловот наведете го работното место за кое се пријавувате. Доколку вашите квалификации одговараат на нашите потреби, вие ќе бидете поканети на интервју.