Социјална одговорност


ЕФС ги поддржува 10-те принципи на Глобалниот Договор кој се однесуваат на човековите права, заштита на животната средина и антикорупција. Не само што ги почитуваме овие основни принципи, туку и се обидуваме да ги надградиме во рамките на нашите активности. Како член на локалната мрежа на Договорот, ние сме посветени да ги вклучиме овие принципи како дел од стратегијата за развој, култура и секојдневни активности на нашата компанија. Нашата компанија ги вклучува принципите на општествена одговорност во сите свои активности и има за цел да го подобри квалитетот на живот. Напорите на ЕФС може да бидат групирани во четири главни области: корисници, вработени, животна средина и општество.
Корисници | Вработени | Животна средина | Општество

Секогаш одговорни!

Нашите корисници се на прво место. Ние постојано се трудиме да ги задржиме корисниците во центарот на вниманието преку секојдневните процедури. Го трансформиравме начинот на давање услуги. Имплементиравме современи информациони системи кои ги автоматизираат процесите и ги прават информациите транспарентни и достапни за да одговориме брзо и квалитетно на сите потреби на корисниците. Го отворивме и нашиот Центар за Односи со Корисници кој е достапен 24 часа на ден во текот на целата година. Корисниците имаат можност да бидат информирани за услуги и прекините во снабдувањето преку едно контакт место. Преку анализа на информациите обезбедени од нашите корисници, ние подготвуваме планови за надградба на мрежата и го подобруваме квалитетот на снабдување со електрична енергија .

Нашите вработени се следниот важен елемент во стратегијата на ЕФС. Основавме ЕВН Академија како посебен внатрешен центар за образование. Обуките во Академијата вклучуваат теми поврзани со разни прашања, како што се: односи со корисници, странски јазици, технички обуки, како и заштита при работа. Ние сме еден ој најголемите работодавци во Република Северна Македонија и постојано создаваме нови работни места. Секоја година нудиме програми за практиканти од универзитетите во Северна Македонија. Имаме специјална програма за вработување под името Trainee преку кој 70 млади луѓе веќе имаа можност да се стекнат со практично искуство и знаење. Програмата предвидува создавање на нов способен кадар преку ментори и ротација во повеќе оддели и Центри за Корисници (ЦК).

Друг елемент на нашата стратегија е заштитата на животната средина. Во ова област имаме поспецифични проекти, меѓу кои и заштитата на живеалиштата на птиците во електричната мрежа, избегнување на опасни материјали од трансформаторските станици, како и одговорноста за избегнување на отпад.

Општеството е многу важно прашање и тема за нас. Како компанија, чија активност влијае на голем број животи, свесни сме за одговорноста која мора да ја сносиме при исполнување на нашите должности. Подржуваме настани поврзани со локалната традиција, инвестираме во промоција на спортот и здравјето и ја негуваме идејата за еднаков третман на сите учесници во општеството. Ние сме особено посветени на подигање на свеста за рационално користење на електрична енергија. Работиме на посебен проект под наслов “Училишен проект” за чија цел ги посетивме сите училишта во сите општини во земјата и ги запознавме учениците за важноста на рационално и безбедно користење на електричната енергија во нивните домови.