Како да станете наш корисник

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија е процес кој започнал и е веќе е длабоко раширен во последната фаза. Многу компании веќе го имаат направено својот избор за снабдувач со електрична енергија. Резултатот на нивниот правилен избор е потврден со првите доставени фактури каде се забележани заштеди од околу 30%.

Ве покануваме да стиснете на “Прочитај повеќе” на почетната страна за повеќе информации за либерализацијата на пазарот на електрична енергија, зашто треба да бидете информирани, што треба да знаете и како да го направите вистинскиот избор за вашата компанија.

За да го направите правилниот избор за вас и да бидете информирани, ние сме подготвени да направиме бесплатна анализа за тоа колку би заштедиле доколку би биле наш корисник. Сè што треба да направите е да се јавите на бројот 070 328 534 и да ги оставите податоците на вашата компанија и ние ќе ве контактираме што е можно побрзо со готова анализа.

Истото може да го направите и на нашата веб-страница. Одете во делот ‘Деловни корисници’, потоа во делот ‘Генератор на понуди’ и внесете ги податоците на вашата компанија, како и контакт податоците во полињата.

Во полето “Додади фактура” првично внесете ја фактурата за јуни 2014 година. Врз основа на таа фактура ние ќе утврдиме во која категорија на корисници спаѓате. Потоа ќе може да внесувате фактурите за други месеци.

Точноста на нашата анализа ќе биде поголема ако во генераторот внесете повеќе фактури од претходните месеци.

Потоа, вашата анализа со проценка на тоа колку би биле вашите месечни сметки за електрична енергија ќе ви биде испратена на вашата е-маил адреса.

Вашите податоци и податоците на вашата компанија – име, единствен даночен број, адреса, веб адреса, лице за контакт, е-маил адреса и телефон за контакт, како и фактурата за месец јуни, испратете ги на: [email protected] за истата намена – подготовка на анализа.

Откако ќе ја добиете анализата, вие може да го направите вистинскиот избор и да станете корисник на услугите на ЕФС со купување на електрична енергија по најповолни услови.