Приклучување на потрошувачи
Приклучување на објекти на правни и физички лица на електричната мрежа на Електродистрибуција се врши врз основа на Решението за приклучување издадено од компанијата.
Решението за приклучување на електричната мрежа на Електродистрибуција е потребна при:
- изградба на нов објект кој треба да се приклучи на електричната мрежа, или поставување на генератори за обновливи извори за сопствени потреби или продажба
- зголемување на одобрената максимална едновремена моќност на потрошувачот на електричната мрежа
- промена или реконструкција на приклучокот по барање на корисникот
- одвојување на електрични инсталации на веќе приклучен објект на електричната мрежа
- спојување на електрични инсталации на веќе приклучен објект на електричната мрежа
- барањето за согласност за приклучување се поднесува до Енерго Центарот на Корисници на Електродистрибуција.